Играчот за врска на московска ЦСКА и рускиот национален тим, Александар Головин, најверојатно, нема да оди во Торино во редовите на Јувентус. Последните вести потврдени и од руска страна велат дека раководството на Јувентус ги напушти преговорите за Головин, откако не успеа да се договори за висината на отштетата со ЦСКА.
Јувентус понуди 20 милиони евра за рускиот репрезентативец плус 10% од следниот трансфер, но ЦСКА не сака да слуште за сума под 30 милиони евра. Тоа, пак, сега како фаворит за потписот на головин го прваи тимот на Челзи, кој веќе е на пат да ја испрати првата понуда за Головин во висина од 23 милиони евра.