Играчот од средниот ред на Јувентус, Анхел Ди Марија, се повреди во првото полувреме на натпреварот против Макаби во 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите (0:2), па денеска стана јасно за каква повреда станува збор.
Денеска Аргентинецот беше прегледан и беше откриено дека има повреда на задниот дел на бутот. Закрепнувањето на играчот ќе трае околу 20 дена.