Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион.
Според медиумите во Италија тренерот на „бјанконерите“ имал разговори со раководството на клубот и притоа им ги соопштил условите на договорот. Алегри се сретна со потпретседателот Павел Недвед и со генералниот директор Џузепе Марота во канцеларијата на клубот.
Неговиот нов договор се очекува да биде до летото 2021 година. Во моментов, овој тренер има договор со „старата дама” до 30 јуни 2020 година.