Јувентус може да се соочи со силна конкуренција во обидот да го преземе играчот од средниот ред на Тотенхем Кристијан Ериксен.
Данецот ќе стане слободен агент на крајот на сезоната и многу клубови веќе го бараат неговиот потпис. До сега се сметаше дека Јувентус е меѓу фаворитите за привлекување на 27-годишниот плејмејкер, но најновите информации се дека Реал Мадрид ќе се обиде да ја победи „Старата дама“, пишува весникот „АС“.
Ериксен е клучен играч за Тотенхем и беше во еден од најважните играчи за добриот настап на тимот во минатогодишната Лига на шампиони, каде лондончаните стигнаа до финалето. Имаше многу шпекулации во текот на летото дека играчот од средниот ред може да биде продаден, но Тотенхем избра да го задржат во составот и да се обидат да го убедат да потпише нов договор.
Ако тоа не се случи, битката за неговиот потпис ќе биде жестока, а секој заинтересиран ќе може да започне разговори со фудбалерот уште во јануари.