Од Јувентус се оптимисти дека ќе успеат да го задржат Адриен Рабиот во својот тим и за следната сезона, пренесува Фабрицио Романо.
Како што е познато, договорот на играчот од средниот ред со Јувентус истекува за една недела, а клубот се уште чека одговор од својот играч. Сепак, од „Алијанц стадионот“ се надеваат дека Рабиот на крајот ќе го продолжи договорот, бидејќи моментално најдобрата понуда за 28-годишниот играч е од клубот од Торино.
Францускиот репрезентативец пристигна во Јуве како слободен играч во летото 2019 година. Минатата сезона беше веројатно најдобра негова со „бјанконерите“, бидејќи играчот од средниот ред заврши со 11 гола и 6 асистенции во 48 настапи во сите натпреварувања.
Во меѓувреме, само прашање на време е кога Јувентус ќе го донесе своето прво ново засилување за новата сезона. Станува збор за напаѓачот Тимоти Веа, кој ќе биде купен со трансфер од Лил за сума од околу 12 милиони евра.