Јувентус го избрка од тимот Леонардо Бонучи. Како што објавија синоќа италијанските медиуми, новиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли го известил дефанзивецот дека е исклучен од главниот тим. Фудбалерот бил шокиран од веста, но се согласил со оваа одлука.
Бонучи ќе тренира одвоено и ќе ја пропушти турнејата на Јувентус во САД. Клубот го стави играчот на продажба, а нов капитен на Јуве ќе биде Данило.
Сега иднината на Леонардо зависи од неговиот агент. Големи се шансите тој и да реши да ја заврши кариерата.