Раководството на Јувентус е подготвено да го предложи Паоло Дибала и дополнителни пари на Ливерпул, за да ја привлече ѕвездата на „црвените“ Мохамед Салах, побјави „Тутомеркато“.
Истиот медиум додава дека спортскиот директор на „Старата Дама” Фабио Паратичи го насочил целото внимание кон египетскиот репрезентативец. Салах веќе има искуство со италијанскиот фудбал. Пред да премине во Ливерпул напаѓачот играше за екипите на Фиорентина и Рома.
Во исто време Паоло Дибала не игра најдобра сезона за Јувентус и може да послужи како дел од договорот при евентуална зделка со Ливерпул. Изданието не споменува колкава е сумата која Јувентус е подготвен да им ја понуди на своите англиски колеги, за да финансира дополнително во овој трансфер.

