Јувентус подготвува понуда за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, во која ќе биде вклучен еден од нивните играчи.
Според италијанските медиуми, „Бјанконерите“ ќе им го понудат на „црвени ѓаволи“ Арон Рамзи, кој има потешкотии да се прилагоди во Италија, плус 50 или 60 милиони евра. Желбата на Погба да си замине од „Олд Трафорд“ е веќе евидентна, а неговиот агент Мино Рајола неодамна изјави дека враќањето на Французинот во Јувентус е сосема можно бидејќи се чувствува како дома во Торино.
Оваа изјава предизвика и неколку интересни коментари на релација помеѓу менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер и Мино Рајола. Останува да видиме дали овој план на Рајола ќе се реализира.

