Пред да ја започнат новата фудбалска сезона, во актулениот шампион на Италија не оставаат ништо на случајноста околу имиџот на клубот. Јувентус денес и официјално го престави новиот клубски автобус со кој ќе се вози првата екипа која во своите редови од оваа сезона ја има една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, Кристијано Роналдо.
„Подготвени да ја започне новата сезона и во стил”. Со оваа фраза, италијанскиот шампион Јувентус го претстави својот нов клубски автобус на социјалните мрежи. Современото возило е направено од „Garage Italia“, која го создаде овој изглед на автобусот.
Концептот на новиот дизајн на автобусот е со одличен „црно-бел” бран кој ја преставува силата и успехот на тимот, произлезен од големиот ентузијазам на навивачите. Официјалната веб-страница на Јуве објави неколку слики, што ја прикажуваат и внатрешноста на возилото.