Јувентус потпиша нов договор со францускиот репрезентативец Блес Матуиди. Неговиот тековен договор истекуваше во текот на летото, а продолжувањето е за една година до јуни 2021 година.
Според клубот, 32-годишниот играч се потпишал на 14 февруари, но дури сега е официјално објавено. Оваа сезона Матуиди играше на 31 натпревар за „Бјанконерите“.
Тој стана центар на внимание минатиот месец, откако стана вториот играч на Јувентус кој беше заразен со коронавирус. Првиот беше Даниеле Ругани, а по него следуваше Пауло Дибала. Сите тројца немаат сериозни здравствени проблеми.