На официјалната веб-страница на Јувентус беше објавено соопштение дека клубот го продолжил спонзорскиот договор со „Jeеp“ во следните три сезони во износ од 45 милиони евра годишно.
Покрај тоа, според договорот, „старата дама“ ќе може да смета на дополнителни бонуси за разни спортски достигнувања. За одбележување е дека и Јувентус и холдингот ФЦА Италија, кој управува со „Jeep“, припаѓаат на семејството Ањели.
Да потсетиме, партнерството помеѓу Јувентус и „Јееp“ започна уште во сезоната 2012/2013. Јувентус во моментов со 24 поени по 13 кола се наоѓа на 6-то место, со 10 поени помалку од лидерот Милан. Во натпреварите од Лигата на шампионите на УЕФА оваа сезона, „старата дама“ ќе игра против Порто во 1/8 финалето од ова натпреварување.