Јувентус се надева дека за време на зимскиот преоден рок ќе го привлече напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, пренесува „Тутоспорт“.
Јувентус има сериозни проблеми во нападот, бидејќи во есенската полосезона тимот има постигнато само 23 гола на 16 првенствени натпревари, што е најслаб учинок меѓу првите 10 екипи во Серија А.
Мауро Икарди е поранешен капитен и најдобар стрелец на Интер , има статус на резерва во неговиот сегашен тим ПСЖ и е подготвен да прифати да игра со позајмица во Јувентус до крајот на сезоната, пишуваат медиумите на Апенините.
Друга причина за желбата на Икарди да бара нов тим е лошиот однос со сонародникот Лионел Меси, кој пристигна на „Паркот на принцовите“ ова лето. Икарди има само 3 гола во 18 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања оваа сезона.

