Шампионот на Италија Јувентус објави соопштение дека актуелниот предводник Масимилијано Алегри по крајот на сезоната нема повеќе да биде тренер на оваа екипа.
Јувентус во текот на утрешниот ден ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти деталите,а сето ова се случува пред последниот домашен натпревар оваа сезона против Аталанта. На прес-конференцијата ќе бидат Алегри и претседателот на клубот Андреа Ањели.
Според актуелната ситуација, Алегри и Јувентус ќе ја прекинат соработката една година порано од предвиденото, затоа што тој имаше актуелен договор до 2020 година. Веројатно за предвремениот раскин тренерот на Јувентус ќе добие одредени обештетување.
Алегри го водеше Јувентус пет сезони и освои пет титули по ред во Серија А, а двапати играше и финале во Лигата на шампионите. Според освоените титули во Италија (5 со Јувентус и 1 со Милан) , Алегри е втор најуспешен тренер во историјата на Серија А по Џовани Трапатони.