Трансферот на Федерико Киеза од Фиорентина во Јувентус сега може да се смета за готова работа, тврди „Скај Италија“ и „Спорт Италија“.
Двата клуба се договориле за оваа прилично комплицирана зделка за 22-годишниот талент, кој денес ќе отпатува во Торино за да ги помине лекарските прегледи и официјално да го потпише договорот со Јувентус. Првично, Киеза ќе пристигне во Јувентус на позајмица на две години, а клубот од Торино ќе плати 2 милиони за првата година и уште 8 за втората. Покрај тоа, зделката вклучува опција за откуп во вредност од 40 милиони и уште 10 милиони како дополнителни бонуси.
Сепак, оваа опција може да стане задолжителна доколку се исполнат одредени критериуми, кои вклучуваат: Јувентус да заврши во топ 4, Киеза да учествува во најмалку 60% од клупските натпревари и да игра најмалку 30 минути по натпревар, напаѓачот да постигне најмалку 10 гола или најмалку 10 асистенции.