Италијанските гиганти Јувентус и Интер започнаа битка за потписот на уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.
Новиот тренер на Јувентус Андреа Пирло бара одличен централен напаѓач по разделбата со Гонзало Игуаин и смета дека Кавани е совршена опција.
Сепак, шампионот има сериозен конкурент во својот голем ривал од Милана, кој исто така започна преговори со 33-годишниот играч. Кавани е слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ. Минатата сезона напаѓачот одигра 22 натпревари за тимот од Париз и постигна седум гола и три асистенции.
Долго во текота на ова лето тој преговараше со неколку екипи, а најблиску беше до трансфер во Бенфика, но во последен момент клубот од Лисабон се откажа поради неговите високи барања за плата која не можеше да си ја дозволи Бенфика.

