Маурицио Сари постигнал договор за преземање на италијанскиот гигант Јувентус, објавија „Скај Италија“ и „Би-Би-Си“.
Се уште не постои официјална потврда за оваа вест од некоја од двете страни, но како што се наведува, Сари треба да потпише тригодишен договор со шампионот на Италија, змаинувајќи од Англија односно од Челзи.
Неговата плата ќе изнесува 7 милиони евра по сезона и тоа по оданочување, а Андреа Барѕаљи кој неодамна ја заврши кариерата може да му се придружи во стручниот штаб. Досегашниот тренер на „бјанконерите“, Масимилиано Алегри, го ослободи своето место на крајот од сезоната.
Челзи бара финансиска компензација за предвременото ослободување на Сари, кој во мај го предводеше овој тим до трофејот во Лигата на Европа.
Маурицио Сари дојде во Челзи во 2018 година, откако го напушти Наполи. Јувентус се очекува да плати околу пет милиони фунти за правата на италијански тренер.