Крилниот напаѓач на Челзи, Кристијан Пулишиќ е незадоволен од малата минутажа што ја добива во тимот на Тухел, па најавил дека сака да си замине.
Тој размислува за можен трансфер ова лето, а според информациите, италијанските гиганти Милан и Јувентус будно ја следат ситуацијата и се подготвени да го донесат во своите редови.
Американецот пристигна на Стемфорд Бриџ за 58 милиони фунти од Борусија (Дортмунд) во летото 2019 година, но никогаш не успеа да стане редовен стартер.

