Екипите на Рома и Јувентус го финализираа договорот за дефанзивецот Лука Пелегрини и играчот од средниот ред Леонардо Спинацола.
Рома го привлекува 26-годишниот Спанацола со договор за 4 сезони, додека Јувентус ќе му даде 5-годишен договор на 22-годишниот Пелегрини. Бидејќи двајцата играчи се со различна вредност, Рома ќе доплати уште 7,5 милиони евра.
Претходно, римскиот клуб најави уште еден таков договор, со кој го испратија грчкиот дефанзивец Костас Манолас во Наполи, во замена за Амаду Диавара.