Јувентус покажува сериозен интерес за играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте. „Бјанконерите“ будно ја следат ситуацијата со францускиот интернационалец чиј договор истекува на лето. Тој засега одбива повторно да потпише со лондончани и од Јувентус се надеваат дека ќе го привлечат како слободен играч по крајот на сезоната, открива „Калчомеркато“.
31-годишниот фудбалер беше важен дел од Челзи во последните години по неговиот трансфер од Лестер во 2016 година. Сепак, тој се здоби со повреда на бутот оваа сезона и има само 2 настапи. Во последната сезона го прогонуваа и повредите поради кои пропушти 16 натпревари. Се стравува дека играчот од средниот ред ќе го пропушти и Светското првенство во Катар.
Сепак, Јувентус внимателно ќе го следи и досега го наведуваше меѓу своите потенцијални трансфер цели за следното лето. Сепак, привлекувањето на Французинот нема да биде лесна задача, бидејќи го посакуваат и неколку други клубови, меѓу кои Пари Сен Жермен и Барселона.