Играчот од средниот ред на Арсенал Арон Рамзи ќе се пресели во Јувентус следното лето. Според весникот „Daily Express“,
28-годишниот велшки интернационалец ќе потпише 4-годишен договор со клубот од Торино. Рамзи има договор со Арсенал кој истекува на 30 јуни 2019 година. Тој ќе се пресели во Јувентус како слободен агент. Платата на овој фудбалер во италијанскиот шампион ќе изнесува 8 милиони евра годишно.
Во тековната сезона Рамзи одигра 22 натпревари за Арсенал, постигна 2 гола и имаше 6 асистенции.

