Италијанскиот шампион Јувентус е многу блиску до продажба на Хуан Куадрадо во кинескиот Шангај Шенхуа за 15 милиони евра, тврди „Тутоспорт”.
По четири сезони поминати во гигантот од Торино ова ќе биде крај на неговата авантура во „Старата Дама”. Во меѓувреме, новиот менаџер на тимот Маурицио Сари одлучил да го задржи во тимот Жоао Кансело, па затоа сака да се раздели со Куадрадо.
Познато е дека Португалецот е силно посакуван од Манчестер Сити, но преговорите помеѓу двата тима не одат најдобро. Можно е тие да бидат прекинати со оглед на моменталната ситуација. Ова ќе биде голем удар за Пеп Гвардиола, кој го сака по секоја цена фудбалерот во своите редови.

