Многу е веројатно дека суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го пропушти првиот дуел против Барселона во групите од Лигата на шампионите, што е закажан за 28 октомври.
Како што е познато, Португалецот вчера имаше позитивен тест за коронавирус и мора да биде ставен во карантин. Според протоколот на УЕФА, ако играч сака да учествува во натпревар од Лигата на шампионите или Лигата на Европа, тој мора да има негативен тест за Ковид-19 најмалку 7 дена пред натпреварот.
Така Роналдо ќе мора да се опорави пред 21 октомври за да добие шанса да истрча на меч против својот голем ривал Лионел Меси. Најновиот протокол во Италија наведува дека секој заразен со коронавирус мора да помине низ период од најмалку 10 дена самоизолација. Така, освен на мечот со Барселона, Португалецот нема да биде достапен ниту за натпреварите против Кротоне и Динамо (К), а можеби и за оној против Верона.