Раководството на Јувентус му предложило нов договор на тренерот на тимот Масимилиано Алегри, кој е до летото 2021 година, пишува весникот „Ла Стампа”.
Претседателот на италијанскиот шампион Андреа Ањели и Алегри сеуште не воделе конкретни преговори, но од управата на клубот направиле претходно предлог, во условите кои му се понудени на Алегри предвидено е забележано мало зголемување на годишната плата, која во моментов е 7,5 милиони евра.
Ако Алегри ја отфрли понудата од Јуве се подготвени да започнат преговори со Симоне Инзаги, кој синоќа го однесе Лацио до трофејот во Купот на Италија.
Сепак е сосема веројатно дека Масимилиано Алегри ќе се согласи да го продолжи договорот, бидејќи се чувствува удобно во клубот од Торино.