Раководството на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус планира да одвои сериозни средства за засилување на составот во текот на летото, пишува „Кориере дело Спорт”.
Изданието пишува дека управата на клубот од Торино е подготвена да одвои околу 230 милиони евра за селекција на нови играчи. Тренерот на екипата Масимилиано Алегри сака да привлече барем петмина нови играчи.
Во неговиот список се Матео Дармиан од Манчестер Јунајтед, Хозе Марија Хименез од Атлетико Мадрид, Матео Ковачиќ од Реал Мадрид, Алваро Мората од Челзи и Емре Чан од Ливерпул, кој станува слободен играч во текот на следниот месец.