Италијанскиот гигант Јувентус испратил официјална понуда до ЦСКА Москва за купување на фудбалерот Александар Головин.
Понудата е во вредност од 17 милиони евра и обезбедува дополнителни бонуси во зависност од настапот на рускиот репрезентативец. Сепак, ЦСКА најверојатно ќе одговори со „НЕ”. Тимот од Москва сака да добие најмалку 25 милиони евра за нивната ѕвезда.
Следниот чекор на Јувентус ќе биде понуда од 18 милиони евра и да вети на ЦСКА процент од евентуален следен трансфер на Головин.
Англиските Арсенал, Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед исто така внимателно ја следат ситуацијата околу 22-годишниот Русин. Предноста на Јувентус е дека клубот веќе ги договори личните услови со фудбалерот.
Минатата сезона Головин одигра 43 натпревари и постигна 6 гола за ЦСКА. Тој одигра многу добар натпревар против Саудиска Арабија на стартот на Мундијалот и го постигна последниот гол за победата од 5:0 на Русија над Саудиска Арабија.