Италијанските екипи Јувентус и Милан ја следат ситуацијата околу играчот од средниот ред на Арсенал Арон Рамзи, пренесуваат медиумите во Англија.
Договорот на велшкиот репрезентативец со „топџиите” е до летото, а пред неколку дена стана јасно дека преговорите меѓу двете страни за нов договор не завршиле успешно, тоа значи дека фудбалерот или ќе биде продаден во јануари, или ќе замине без пари следното лето.
Долго време, тој е заинтересиран за Италија, но сега Јуве и Милан можат да влезат во голема битка за да го привлечат. Како што е познато, во текот на летото од Арсенал откажале 50 милиони евра за својот играч со надеж дека тој ќе го продолжи договорот, но на крајот тоа најверојатно нема да се случи.
Ремзи може да парафира прелиминарен договор со кој и да е тим во јануари и да мине како слободен агент во истиот тим по крајот на сезоната, што би било најлошото нешто за Арсенал, бидејќи при ваков случај тие немада добијат ниту евроза својот играч.