Еден ден откако Јувентус испадна од Лигата на шампионите, раководството на Јувентус го ослободи тренерот Маурицио Сари, јавуваат италијанските медиуми. Веста се очекува да биде официјално објавена од клубот во секој момент.
Синпќа Јувентус беше елиминиран од Олимпик Лион во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во единствената сезона на Сари на кормилото на Јувентус, тимот стана шампион во Серија А, но го загуби финалето во Купот на Италија и Супер купот.
61-годишниот тренер од Неапол дојде во Јувентус минатото лето, откако претходно исто така престојуваше само една сезона во Челзи.
Веќе почнаа шпекулациите кој ќе биде наследникот на Сари на клупата на Јувентус, прв кандидат е Маурицио Почетино кој е слободен.