Италијанскиот шампион Јувентус подготви понудата за нов договор на Миралем Пјаниќ, објавија медиумите во Италија.
Екипата од Торино ќе ја зголеми платата на Босанскиот фудбалер за 2 милиони евра, од 5 милиони до 7 милиони годишно. Според информациите, двете страни ќе се обидат новиот договор да биде завршен до завршувањето на трансфер периодот.
За играчот од средниот ред на Јувентус, постои интерес од најбогатите клубови како Манчестер Сити, Челзи и Барселона, кои, сепак, не се осмелуваат да го платат бараниот износ од 100 милиони евра за играчот.
Самиот Пјаниќ не сака да коментира за неговата иднина. „Не можам да кажам ништо, има многу шпекулации. За мене е важно да ги игнорирам и да тренирам. Сè друго не зависи од мене”, објасни Пјаниќ кој е со својот тим на турнеја во САД, каде што Јувентус игра на Интернационалниот куп на шампионите.