Италијанскиот шампион Јувентус продолжува со преговори за купување на играчот од средниот ред на ЦСКА (М) и репрезентативец на Русија, Александар Головин. Според весникот „Тутоспорт“, во наредните два дена генералниот директор на тимот од Торино, Џузепе Марота, ќе има уште еден круг преговори со првите луѓе на ЦСКА на оваа тема.
Наводно, Јувентус веќе има договор со играчот, само се очекува истиот да биде потврден и со неговиот клуб. Претходно медиумите објавија дека сумата на трансферот може да стигне до 22 милиони евра, откако ЦСКА за него бара 25, а Јувентус првично понуди 15 милиони евра.