Играчот за врска на италијанската фудбалска репрезентација, Мануел Локатели може да го напушти Сасуоло ова лето, по одличните настапи на Еуро 2020. Фудбалерот ги договорил личните услови за договор со Јувентус, но Сасуоло нема договор со „Старата Дама“.
Јуве му понудил плата од 3 милиони евра годишно. Торинскиот клуб има намера да ја затвори зделката во блиска иднина, а Сасуоло сака да добие 40 милиони евра за играчот.
Во исто време, Сасуоло има понуди и од лондонски Арсенал и Борусија Дортмунд.