Душан Влаховиќ одамна е на излезна врата од Јувентус, но барем засега италијанскиот клуб не добил понуда која може да го реши неговиот статус и да го потврди заминувањето во друга средина.
Јавна тајна е дека „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од српскиот напаѓач една година пред да му истече договорот, со што пред се ќе ја елиминираат ставката од 12 милиони евра, односно сумата за годишна плата за овој фудбалер.
Новиот директор Дамиен Комоли отворено зборувал за ситуацијата со Влаховиќ и потврдил дека тој има зелено светло да го напушти клубот под одредени услови.
– Со Влаховиќ имаме договор дека може да замине ако добиеме соодветна понуда. Засега не сме добиле понуда за него, – открил Комоли.
Најблиску до потписот на Србинот е Милан и италијанските медиуми тврдат дека преговорите можеби веќе и започнале, откако најпрвин Влаховиќ се согласил на вакво сценарио.

