Тренерот на Реал Мадрид Сантијаго Солари продолжува и понатаму да не смета на Иско во стартниот состав на својата екипа, а тоа само го засилува интересот на останатите европски гиганти кон овој играч.
Според „Раи Спорт“, Јувентус веќе почнал да дејствува на овој трансфер за да ги надмине неговите конкуренти за потпишување на играчот, а за Иско се заинтересирани Манчестер Сити и Челзи.
Во моментов Иско е ирен и ги слуша сите понуди и е подготвен да го промени тимот. Во Реал, исто така, не ја исклучуваат можната продажба, но за таа цел во клубот ќе сакаат огромна сума од околу 80 милиони евра.
Шпанецот сака да биде стартер, затоа што се плаши дека во отсуство на минути поминати на теренот тој може да го загуби своето место во националниот тим за следното Европско првенство, кое е следната година.