Откако загуби и синоќа на гостувањето кај Реал (М), Јувентус нема остварено победа на седум последователни натпревари. Во неделата, тимот на Игор Тудор загуби од Комо (0:2), по серија од пет нерешени резултати во италијанското првенство и Лигата на шампионите.
Последен пат клубот од Торино победи на 13 септември против Интер (4:3) во Серија А. За тренерот на „Старата Дама“ следува период на големи предизвици, ако сака да си го задржи местото на клупата. Викендов Јувентус ќе игра на гостински терен против Лацио во рамките на 8. коло од италијанското првенство и овој меч во голема мера ќе ја одлучува и иднината на Тудор на клупата.

