Јувентус и официјално го објави трансферот на аргентинското крило Нико Гонзалез на позајмица со задолжителна опција за откуп од Фиорентина.
„Старата дама“ се согласи да плати 8 милиони евра за периодот на позајмицата, а потоа ќе даде уште 25 милиони на три рати. Фиорентина може да добие дополнителни 5 милиони во вид на бонуси.
„Многу сум среќен што сум тука и што го носам овој дрес. Тоа беше сон за мене и моето семејство. Многу сум среќен – да се биде во овој тим ми значи се. Кога си млад, треба да сонуваш. Со нетрпение чекам да излезам на теренот и да играм со тимот“, рече Гонзалез на својата промоција во Јувентус.

