Јувентус е решен да остане во трката за да ја привлече ѕвездата на Фиорентина, Душан Влаховиќ до крајот на овој месец, објавија италијанските медиуми.
Цената на напаѓачот е 70 милиони евра и затоа „Старата дама“ ја подготви следнава понуда: 35 милиони евра плус крилниот напаѓач Дејан Кулушевски, проценет на 35 милиони евра. Така, клубот се надева дека ќе ги убеди колегите на Фиорентина да го продадат Влаховиќ, кој одбива да го продолжи договорот кој му истекува летото 2023 година.
Од „Артемио Франки“ признаа дека се подготвени да ги слушнат предлозите во текот на овој преоден рок, иако фудбалерот и клубот сакаат разделба на лето. Се верува дека и Арсенал е подготвен да го привлече српскиот репрезентативец, кој не сака да замине во Лондон, затоа што сака да се пресели во Јувентус.