„Старата дама“ во текот на зимскиот трансфер период ќе се обиде да се засили на позицијата десен бек, најавија медиумите во Италија.
Како потенцијални засилувања се гледаат: Јоаким Мален од Аталанта, Синого Вилфрид од Торино и Емил Холм од Специја. Што се однесува до играчите од другите лиги, Јуве е заинтересиран за португалскиот дефанзивец на Валенсија, Тиери Кореја и 18-годишниот Шпанец на Валјадолид, Иван Фрешед.
Кудрадо во тековното италијанско првенство одигра 14 од 15 натпревари и забележа 3 асистенции.