Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јувентус почна преговори со Пелегрини од Рома
    Фудбал

    Јувентус почна преговори со Пелегрини од Рома

    risteBy riste01/06/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Преставници на Јувентус имале средба со играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, за да разговараат околу можноста за трансфер во текот на летото.

    Играчот има клаузула за реоткуп во неговиот договор вреден 25 милиони евра, што е во рамките на моќта на „старата дама”.

    Сепак, агентите на играчот изразиле загриженост во врска со претстојниот трансфер на Емре Чан кој треба да дојде во Торино. Тие се сомневаат дека 21-годишниот играч нема да добие доволно време за играње на сметка на Германецот.

    Од друга страна, сепак и Рома е блиску до потписот на Брајан Кристанте од Аталанта, што значи дека и во овој клуб конкуренцијата во средината на теренот ќе стане уште посериозна. Впрочем, двете страни се согласија повторно да се сретнат во понеделник кога ќе продолжат со разговорите.

    Од Јувентус прво ќе се обидат да се разделат со неколку играчи, па потоа клубот ќе започне со избор и привлекување на нови играчи, а Пелегрини е еден од нивните приоритети.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Конте извесен период ќе паузира од фудбалот

    01/02/2023

    Јунајтед имал други планови, Сабицер бил меѓу последните опции

    01/02/2023

    Украинецот под лупа на ФА

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Педро ги советува неговите сонародници
    • Конте извесен период ќе паузира од фудбалот
    • Британецот ќе мора да оди на рехабилитација
    • Јунајтед имал други планови, Сабицер бил меѓу последните опции
    • Украинецот под лупа на ФА
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.