Јувентус го оствари првиот контакт со Сасуоло за евентуален трансфер на Џанлука Скамака, објави „Газета дело Спорт“. Клубот од Торино сака да го привлече во јануари поради нивните проблеми на нападот. Сепак, „бјанконерите“ имаат сериозен конкурент во лицето на шампионот Интер, кој исто така преговара за него.
Скамака на 1 јануари ќе наполни 23 години, а во септември дебитираше во националниот тим на Италија. Сасуоло го проценува на 40 милиони евра. Јувентус е подготвен да понуди 30-35 милиони и евентуално да вклучи еден играч во зделката.
Најтрофејниот клуб во Италија разговара и за личните услови со агентот на Скамака. Понудата на „старата дама“ е за плата од 1,5 милиони евра, што е повеќе од она што моментално го добива – околу 870.000 евра.

