Јувентус полека се фокусира на нови засилувања за следната сезона. Според „Тутоспорт“, тимот од Торино веќе има едно име за кое се надева дека ќе биде дел од новиот состав за следната сезона. Станува збор за играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон.
Всушност, во средината на јануари во Бергамо се одржала вечера меѓу двајца важни претставници на Јуве и Аталанта, Кристијано Џунтоли и Тони Д’Амико. Џунтоли покажал интерес за некои од скапоцените камења на Аталанта, а тоа се Лукман и Едерсон. Впрочем, „Старата Дама“ веќе ги разбранува работите за поранешниот играч на Салернитана пред една година, но доби негативен одговор од Божицата. Сепак, се чини дека работите ќе се променат во следниот преоден рок, за време на кој – во случај на мега-понуда – бразилскиот фудбалер за врска може да биде продаден. За Едерсон интерес има и од англиските клубови Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

