Јувентус ќе испрати втора понуда за дефанзивецот на Барселона Роналд Араухо, тврди „Марка“. Првата понуда од „бјанконерите“ за позајмица до крајот на сезоната за 5 мил. евра и постојан трансфер за уште 25 милиони беше одбиен.
Втората понуда на „старата дама“ за Уругваецот ќе биде за 50 милиони евра, се вели во информацијата.
Сепак, Каталонците немаат намера да се разделат со својот дефанзивец за помалку од 70 милиони евра. На „Камп Ноу“ се очекува и Арсенал да достави понуда за Араухо. Централниот дефанзивец има договор до летото 2026 година.

