Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јувентус пред финализирање на трансферите на Милик и Паредес
    Фудбал

    Јувентус пред финализирање на трансферите на Милик и Паредес

    risteBy riste25/08/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Јувентус е пред финализирање на два трансфера речиси истовремено. „Бјанконерите“ се многу блиску до потписот на Аркадиуш Милик од Олимпик Марсеј и Леандро Паредес од Пари Сен Жермен, открива трансфер експертот Џанлука Ди Марцио.

    Италијанскиот гигант ги договори личните услови на Милик, кој во клубот ќе пристигне на позајмица. Клубот од Торино за позајмицата ќе му плати на Марсеј 2 милиони евра, а во договорот е вклучена откупна клаузула од 8 милиони евра. Во меѓувреме „бјанконерите“ направија чекор напред во преговорите за Леандро Паредес.

    Челниците на клубот разговарале со претставници на ПСЖ, при што се договориле да го привлечат 28-годишниот Аргентинец на позајмица. Во договорот ќе има откупна клаузула која станува задолжителна под одредени услови, а еден од нив е и тимот да се пласира во Лигата на шампионите. Во оваа фаза, сепак, не се откриваат дополнителни детали за трансферот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.