Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јувентус пред сериозен предизвик, Лион со предност гостува во Торино
    Фудбал

    Јувентус пред сериозен предизвик, Лион со предност гостува во Торино

    risteBy riste07/08/2020No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Од 21 часот Јувентус се среќава со Олимпик Лион во реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите. Најсилното клупско натпреварување продолжува таму каде што застана со доигрување на оваа фаза, пред возбудувањата да се пресели во Португалија, каде ќе се играат натпреварите од четврт-финалето до финалето, а победниците ќе бидат познати во еден натпревар.

    Италијанскиот шампион има големи амбиции во ова натпреварување и оваа година, но покажува недостатоци во неговиот настап и во моментов не  е сметан за главен фаворит за титулата. Сепак за да се зборува за тоа „Старата дама“ која го загуби првиот меч во Франција со 0:1 од Олимпик Лион денес ќе треба да бара победа со два гола разлика за да оди понатаму.

    Пред само неколку дена, Јувентус го крена својот 9-ти по ред и 36-то вкупно трофеј во Италија. За „Бјанконерите“, сепак, најголемата цел останува ЛШ. Ќе мора брзо да влезат во ритам, доколку сакаат да успеат на денешниот натпревар. Фудбалерите на Маурицио Сари покажуваат доста лоша форма по продолжувањето на сезоната по паузата поради пандемијата Ковид-19. Тие изгубија три од последните четири натпревари и покажаа прилично хаотична игра. Можеби тие ја задржале својата моќ во Лигата на шампионите, но со ваков настап, Италијанците немаат шанси да одат далеку во ова натпреварување и нема да биде изненадување ако бидат елиминирани денес. Тимот сепак имаше неколку дена одмор и можеби ги направи потребните прилагодувања и подготовки за да покаже друго лице вечерва.

    Во исто време, Лион имаше долга пауза, откако Франција реши да ја заврши сезоната рано поради Ковид-19. Ова го остави Лион на 7-то место на табелата во Лига 1. Тие сепак имаа важен натпревар пред неколку дена кога се соочија со ПСЖ во финалето на Лига купот. Таму избраниците на Руди Гарсија играа рамноправен меч со ПСЖ, но загубија по пеналите. Ова конечно значи дека нема да играат во Европа следната сезона ако не ја освојат Лигата на шампионите и тоа може да ги мотивира уште повеќе.

    Тренерот на домашните, Маурицио Сари, не може да ги користи повредените Матијас Де Шиљо и Даглас Коста вечерва. Пауло Дибала, од друга страна, останува како неизвесен, бидејќи до неодамна лекуваше повреда на бутниот мускули не е јасно дали тој ќе биде максимално опоравен за настап.

    Така, веројатниот состав ќе претрпи одредени измени, па се очекува да има одредени измени, но сепак Јувентус има доволно квалитетен ростер за да не с епочувствува отсуството на овие играчи.

    Гостите немаат никакви посебни проблеми со играчкиот кадар, бидејќи се во прашање Јусуф Коне и Кени Тете, но веројатно ќе можат да играат.

    Веројатни состави:
    Јувентус: Шчесни, Квадрадо, Бонучи, Де Лихт, Сандро, Бентанкур, Пјаниќ, Рабио, Бернардески, Игуаин, Роналдо
    Олимпик Лион: Лопез, Денајер, Марсело, Марсал, Дуба, Какере, Гимараеш, Ауар, Корнет, Депај, Дембеле

    Судија: Феликс Цвајер, Германија

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“

    25/03/2023

    Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“

    25/03/2023

    Лукаку: можеме и подобро

    25/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“
    • Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“
    • Саинц го коментираше успехот на Ред Бул
    • Лукаку: можеме и подобро
    • Еспаргаро е хоспитализиран
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.