Раководството на Јувентус веќе преговара за враќање на Пол Погба. Информациите доаѓаат од француските медиуми, во кои се тврди дека претставниците на италијанскиот шампион се во постојан контакт со Мино Рајола и активно работат на реализација на целата операција.
Неколку месеци, разни медиуми шпекулираа дека Погба е решен да го напушти Манчестер Јунајтед и да се врати во Јувентус. Французинот одигра вкупно 178 натпревари, постигнувајќи 34 голови за „Бјанконерите“, но во 2016 година за 105 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед со амбиција да докаже дека е незаслужено запоставен за време на неговиот прв престој на „Олд Трафорд“.
Погба никогаш не блескаше во тимот на „црвените ѓаволи“, за што голема улога имаат и неколку повреди. Сепак, дури и кога беше здрав, играчот од средниот ред многу ретко го покажуваше својот вистински потенцијал.
Тој неодамна наполни 27 години и треба да донесе важна одлука за понатамошна кариера. Навивачите на Манчестер Јунајтед сакаат да видат тандем меѓу него и Бруно Фернандеш, а Јувентус сака Погба да се врати во Торино и да го доведе тимот до посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.