Италијанскиот Јувентус се обидува да го ангажира играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес во летниот преоден рок, објави „Газета дело Спорт“.
Според истиот извор, во моментов двете страни не можат да се договорат за висината на трансферот на 27-годишниот Аргентинец.
Францускиот клуб го проценува играчот на 20 милиони евра, но оваа сума не и одговара на италијанската екипа. Јувентус исто така нема да може да ги прифати условите од актуелниот личен договор на Паредес. Аргентинецот заработува 7 милиони евра годишно во ПСЖ.
Повеќе од оваа сума во Јувентус не можат да им понудат на своите играчи. Оваа сезона Леандро Паредес, постигна еден гол и две асистенции. Договорот на играчот од средниот ред со клубот е до 30 јуни 2023 година.

