Јувентус започна преговори со англискиот шампион Манчестер Сити за потписот на играчот од средниот ред Калвин Филипс, открива Тајмс. „Бјанконерите“ бараат да го засилат средниот ред по суспензиите на Пол Погба и Николо Фаџоли, а англискиот репрезентативец е еден од играчите кои може да одговорат на оваа улога.
„Граѓаните“ се подготвени да се разделат со 28-годишниот играч, кој ретко добиваше шанса да игра од Хосеп Гвардиола и откако беше потпишан од Лидс во 2022 година, имаше само 31 настап за тимот и почесто беше користен во улогата на резерва.

