Младиот талент на Јувентус Мојс Кин е блиску до нов договор со италијанскиот шампион.
19-годишниот напаѓач, всушност има постоечки договор со клубот, но преговара за нов, кој ќе важи до летото 2024 година, пишува „Тутоспорт“. Годишната плата на овој играч ќе скокне речиси четирипати – од 550.000 на 2 милиони евра.
Во наредните денови се очекува агентот на тинејџерот Мино Рајола да се сретне со спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи, за договорот да биде потврден од двете страни. Мојс Кин одигра 9 натпревари во кои постигна 6 гола и 1 асистенција во Серија „А“ оваа сезона.