Италијанскиот гигант Јувентус пропушти уникатна шанса да ја заврши календарската година 2018 без да загуби како гостин. Тоа се случи, откако синоќа „бјанконерите” загубија со 1:2 при готувањето кај швајцарскиот Јанг Бојс во Лигата на шампиони.
Така, успешната серија на тимот од Торино од 26 натпревари без пораз на гостински терен (23 победи, 3 нерешени) е завршена. Меѓу гостувањата се издвојуваат оние кај Реал Мадрид (3:1), Манчестер Јунајтед (1:0), Милан (2:0), Интер (3:2), Тотенхем (2:1) и др. Претходно, Сампдорија беше последниот тим кој го победи Јуве дома со 3:2 во ноември 2017 година.
Серијата можеше да продолжи, ако голот на Паоло Дибала во 94-та минута не беше правилно поништен поради офсајд позицијата во која беше Кристијано Роналдо. Јуве ќе го добие својот противник во 1/8 финалето од ЛШ во понеделникот. Тој ќе биде некој од Атлетико Мадрид, Тотенхем, Ливерпул, Шалке, Ајакс и Олимписки Лион.