Раководството на Јувентус планира во летото 2020 година бесплатно да добие двајца играчи на лондонски Тотенхем – играчот од средниот ред Кристијан Ериксен и дефанзивецот Тоби Алдервајрелд , пренесува „Дејли Меил“.
Договорите на Ериксен и Алдервајрелд се до крајот на оваа сезона. „Спарси“ сè уште не успеале да се договорат со играчите за продолжување на соработката. Доколку ситуацијата не се промени, Јувентус ќе може да ги започне преговорите со играчите во јануари. Интер е заинтересиран за услугите на Алдервајрелд, а Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед сакаат да го добијат Ериксен.
Кристијан Ериксен е дел од Тотенхем од 2013 година. Претходно, Данецот ги бранеше боите на Ајакс Амстердам. Тоби се приклучи на лондонскиот клуб од Атлетико Мадрид во 2015 година. Белгиецот играше и за Саутемптон и Ајакс.