Дефанзивецот на Јувентус Алекс Сандро е блиску до потпишување на нов договор со клубот, пишува „Тутоспорт“.
Во последните неколку дена Бразилецот веќе се пресели во Манчестер Јунајтед, бидејќи трансферот веќе беше договорен. Сепак, јасно е дека постои шанса да се случи спротивното и тој да остане во Торино.
Оваа сезона, Сандро не го покажа најдоброто што може, и затоа се очекуваше Јувентус да го продаде и да земе голема сума во својата каса. Во исто време, сепак, Леонардо Спинацола, кој беше планиран за неговиот заменик, беше тешко повреден и ќе биде отсутен 6 месеци. Квадво Асамоа пак си заминува од Јувентус и во еден момент тимот може да остане без лев дефанзивец.
Поради оваа причина, раководството на Јувентус го смени мислењето и ќе се обидат да го зачуваат Сандро во клубот. Единствената шанса тој да биде продаден е доколу „бјанконерите” добијат неодолива понуда од над 60 милиони евра.