Јувентус потврди дека напаѓачот Пауло Дибала напушта клубот.
Денеска на Аргентинецот му истекува договорот со клубот. Пауло го напушта Јувентус со слободен трансфер.
„Тој дојде во Торино како млад, талентиран, перспективен играч, а сега се збогува со Јуве, земајќи го со себе богатството на искуство што го направи шампион каков што е денес.
Пауло помина седум години во „црно-бело“, одигра 293 натпревари, постигна 115 гола, даде 45 асистенции и освои 12 трофеи. Сега неговата кариера ќе продолжи надвор од Торино.
Овие бројки, ако ги погледнете повнимателно, кажуваат многу за историјата на клубот. На пример, Пауло е деветти најдобар стрелец во историјата на Јувентус, тој е десетти најдобар стрелец во Серија А, трет стрелец на Јувентус во европските натпреварувања со 18 гола во Лигата на шампионите. А кога сме веќе кај головите, Дибала е играчот со најмногу постигнати голови на „Алијанц стадионот“ (68 гола) во сите натпреварувања. Тој е бјанконерот кој постигна најмногу голови надвор од шеснаесетникот (25 гола) во Серија А.
Седум заеднички години беа исполнети не само со голови и победи, туку и со моменти на мајсторија, незаборавни вечери и настапи на највисоко ниво.
И за сето ова секогаш ќе му бидеме благодарни.
Среќно, Пауло!“
Се вели во соопштението на Јувентус.

